sábado, 25 de octubre de 2014

Ars poetica

собата во која размислувам
ме допира со показалецот -
правецот и е кон мојата глава,
а насоката кон мислите

така таа излегува надвор од куќата,
а јас надвор
од брзината и импулсот на несоницата

а сепак има и пот помеѓу волуменот
и температурата на мислите
од кои не е можно да се побегне

можеби само да се пламне и изгори
во фин бел пепел,
невидлив на белата хартија

вистинска мудрост е
како да се задржи здивот
и во вистинскиот миг да се испушти -
да се издува пепелта
и да се покаже запишаното

Борче Панов

No hay comentarios:

Publicar un comentario

"Vutimski es hombre de su tiempo", entrevista con el periódico de Svoge

¿Cómo surgió tu interés hacia la obra de Aleksandar Vutimski? ¿Cuándo ocurrió? En 2017 descubrí de manera totalmente casual la poesía de Ale...